Лига на Европа: Шафхаузен го шокираше Монпелје, Нексе немоќен против РНЛ

Почетокот на нокаут-фазата од Лигата на Европа го донесе и првото големо изненадување откако Кадетен Шафхаузен ремизираше на гостувањето против Монпелје (27-27). Францускиот гигант не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен иако на полувреме имаше водство од 15-13. па Монпелје на крајот едвај се спаси од пораз со погодот што го постигна Дескат. Токму Дескат беше најефикасен во редовите на поранешниот европски првак со осум погодоци, додека прв стрелец на Шафхаузен при ова одлично реми беше Шелкер со седум потигнати гола.

Рајн-Некар Левен е на добар пат да се пласира во следната рунда откако вечерва славеше на гостувањето против Нексе со 25-27. Хрватскиот вицепрвак беше подобар ривал во првото полувреме (14-13), но пресудни се покажаа последните петнаесет минути во кои по 22-22 „лавовите“ од Манхајм успеаја да се одлепат и на крајот да стигнат до заслужена победа. Толбринг кај РНЛ и Јагањац кај Нексе беа најефикасни на натпреварот со по седум погодоци.

Чеховски Медведи со фуриозно второ полувреме (на одмор се замина со 13-15) го декласираше тимот на Ним со 30-25, меч во кој најефикасен беше Котов со девет гола, додека ГОГ Гудме во израмнет меч славеше над ЦСКА Москва со 33-31.

Се вчитува...