Денеска беше одржана ждрепката за 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции, а нашите два претставника ги дознаа противниците.
Академија Пандев ќе има тешка задача и ќе оди на мегдан со полскиот тим Лехија Гданск. Шкендија, пак, за ривал го доби ерменскиот Арарат.
Според ждрепката, Шкендија треба првиот меч да го игра како домаќин, додека Академија Пандев да гостува.
Првите натпревари se играат на 7. јули, додека реваншите се седум дена подоцна.
Резултатите од ждрепката за 1. квалификациско коло во Лигата на конференции:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА