Фудбалската репрезентација на Србија го забележа и четвртиот пораз во Лигата на нации, А – дивизија откако вечерва во 4. коло загуби на гостувањето кај селекцијата на Холандија со 2-1.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со голот на Копмејнерс во 31. минута. До крајот на првиот дел гостите израмнија на 1-1 преку Цветковиќ во 35. минута. Конечните 2-1 беа дело на Зиркзе во 72. минута.
Netherlands [2]-1 Serbia – Joshua Zirkzee 71'
byu/xggq insoccer
Со истиот резултат славеше и Португалија против Норвешка која повторно без Кристијано Роналдо во тимот стигна до триумф. Во останатите мечеви вечерва: Грција – Германија 0-0, Велс – Данска 0-1 и Р. Ирска – Израел 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
