Лига на Шампиони: Барса и Нант без проблеми против Целје и Елверум

Барселона по три одиграни кола од новата сезона во Лигата на Шампионите останува со перфектен учинок откако денеска славеше против Целје со 38-30. Каталонците беа подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, а и покрај камбекот на словачкиот тим во второто полувреме, супериорниот финиш им донесе нови два бода.

Нант го забележа вториот триумф во низата откако славеше на домашен терен против „фенерџијата“ Елверум со 41-30. По изедначениот почеток на мечот домаќините со серија од 7-0 успеаја да стекнат висока предност која не ја испуштија до самиот крај. Напротив подобрата игра во второто полувреме им донесе и двоцифрена предност.

Се вчитува...