Лига на Шампиони: Кил го прегази Сегед, Висла го нанесе првиот пораз на ГОГ

Кил им се врати на победите во ракометната Лига на Шампиони откако во 3. коло славеше против Сегед со 34-29 нанесувајќи го третиот пораз на унгарскиот тим во новата сезона. И покрај тоа што Унгарците успеваа да ја одржат резултатска неизвесност во првото полувреме, домаќиниоте ја потврдија фаворитската улога со доминантна игра во вториот дел за убедлива победа.

На победа од 31-27 се радуваше Висла Плок кој го нанесе првиот пораз на ГОГ во престижното натпреварување. Полскиот состав уште на средината на првото полувреме ја превзема резултатска иницијатива и истата не ја испушти до самиот крај за значајни два бода.

Се вчитува...