Лихтенштајн без тројца важни играчи доаѓа во Скопје

Селекцијата на Лихтенштајн ќе пристигне значително ослабена за саботниот натпревар против Македонија, откако селекторот Рене Паурич се соочи со проблеми и нема да може да смета на тројца стандардни првотимци за мечот на Националната арена „Филип втори“ во Скопје.

Дефанзивците Симон Куна и Иван Квинтанс поради повреди нема да настапат против Македонија, додека фудбалерот за врска, Денис Салановиќ, не е во комбинација за настап откако заработи по еден жолт картон на двете септемвриски средби на својата селекција.

Она што е очигледно е дека поголемиот дел од репрезентативците на Лихтенштајн настапуваат во аматерски лиги, повратникот Марсел Бухел неодамна почнал повторно да тренира со Емполи, а единствен дебитант е Џастин Оспелт, голман на вториот тим на Вадуз.

Се вчитува...