Лихтенштајн со седум интернационалци против Македонија

Селекторот на Лихтенштајн, Рене Паурич го соопшти списокот репрезентативци за претстојниот дуел со Македонија од Лигата на нациите кој ќе се одигра на 16. ноември (петок) на „Рејнпарк” стадионот во Вадуц со почеток од 20:45 часот.

Паурич се одлучи на неколку промени во однос на октомрискиот собир па во националниот тим се враќаат Даниел Брандл, Јенс Хофер, Иван Квинтанс и Матијас Селе. Лихтенштајн со вкупно седум интернационалци ќе и се спротистави на Македонија, но без офанзивецот на Емполи, Марсел Бухел кој има суспензија поради жолти картони.

СОСТАВОТ НА ЛИХТЕНШТАЈН ЗА НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА…

Се вчитува...