Лил добил неверојатна понуда од 85 милиони евра за напаѓачот Осимхен

Во време на пандемијата од коронавирусот, кога цената на европските фудбалери падна за околу 30%, Лил доби неверојатна понуда за својот напаѓач Виктор Осимхен.

Како што пренесуваат француските медиуми, Лил добил понуда во висина од 85 милиони евра за Осимхен од клубот кој засега не сакаат да го именуваат.

Нигерецот во сезоната која заврши во Франција во 38 натпревари во сите натпреварувања постигна 18 гола, дополнети и со шест асистенции. Неговата вредност, според „Трансфермаркт“ е 27 милиони евра, но сега Лил добива понуда далеку повисока.

Се вчитува...