Лил не се откажува од Аријан Адеми!

Раководството на Лил нема намера да се откаже од намерата за ангажман на Аријан Адеми и во наредните три дена ќе се обиде да го комплетира трансферот на македонскиот репрезентативец. Францускиот клуб повеќе од еден месец се интересираше за Адеми, Динамо веќе одби две понуди, во меѓувреме и потпиша нов договор со одличниот играч за врска, но челниците на Лил се убедени дека ќе успеат да го доведат Адеми во своите редови.

Како што јавува „Франс фудбал“, желба на раководството е да се доведе искусен играч за врска, а 27-годишниот Адеми се наоѓа на самиот врв од листата со желби на Лил. Откако беа одбиени понуди од 3,8 и од пет милиони евра, се најавува дека сега Французите ќе понудат седум милиони евра, се со цел конечно да го осигураат потписот на овој фудбалер.

Адеми и Динамо Загреб моментно се максимално фокусирани на реваншот од плејофот за влез во ЛШ против швајцарскиот Јанг бојс што ќе се игра утре, но се очекува в среда да се интензивираат преговорите со Лил и дефинитивно да се донесе одлука – дали македонскиот репрезентативец ќе остане на „Максимир“ или кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Се вчитува...