Лилард направи хаос во НБА: Дјурант потпишува со Портланд?

Првата ѕвезда на Портланд Трејлблејзерс, Демијен Лилард направи општ хаос во НБА лигата. Бекот на тимот од Орегон на својот инстаграм профил објави фотографија со Кевин Дјурант каде и двајцата се облечени во дрес на Портланд.

Дјурант веќе изјави дека голема е шансата да го напушти Бруклин, откако не успеа мисијата со Кајри Ирвинг да стигнат до прстенот.

Останува да видиме која ќе биде реакцијата на двократниот НБА шампион.

 

May be an image of 2 people and text that says 'damianlillard Now ÐC PORTLAND 25 XC PORTLAND O'

Се вчитува...