Лина Ѓорческа доминантно до полуфинале

Лина Ѓорческа продолжува со доминантните настапи на ИТФ-турнирот во Хераклион, каде најдобрата македонска тенисерка без многу проблеми обезбеди пласман во полуфиналето.

Ѓорческа за противничка денеска ја имаше Софија Рокети, 20-годишна Италијанка која немаше никакви шанси во дуелот со Македонката. Лина почна импресивно и го доби првиот сет со убедливи 6-1, за во вториот рутински да слави со 6-4, за нов триумф на овој турнир.

Нејзина противничка во полуфиналето ќе биде шестата носителка, Романката Булгару, која денеска во четвртфиналето славеше со 6-1, 7-5 над Матула од Грција.

Се вчитува...