Линделоф: Кога потпишував договор со Манчестер Јунајтед не знаев што пишува во него

Шведскиот интернационалец, Виктор Линделоф признава дека не го прочитал договорот кога во септември 2019 година потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед. Тој на „Олд Трафорд“ пристигна во 2017, а две години подоцна доби нов договор кој е со важност до 2024 година.

„Кога ми понудија нов договор ми беше многу, многу лесно. Никогаш не го ни погледнав. Само земав пенкало и го потпишав“, изјави Линделоф. 

Швеѓанецот во редовите на Јунајтед премина од Бенфика за сума од 40 милиони фунти. Сепак, навивачите на „црвените-ѓаволи“ не се задоволни од неговата игра, особено по големиот кикс кој што го имаше во полфуиналето во „Карабао купот“ каде беше директен виновник за еден гол во поразот од градскиот ривал Манчестер Сити со 1-3.

Се вчитува...