Линдзи Вон на ЗОИ ќе скија во чест на својот починат дедо: Многу ми недостасува…

Американската скијачка Линдзи Вон, една од најуспешните во историјата на алпското скијање, со посебни мотиви ќе настапи на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг. Настапите на оваа спортска манифестација убавата Линдзи ќе му ги посвети на својот дедо, Дон Килдоу, кој починал во ноември минатата година.

„Ми недостасува премногу. Посакувам мојот дедо да беше жив и да можеше да ги гледа моите настапи овде во Пјонгчанг. Тој беше воен ветеран и се бореше на страната на Американците во корејската војна. За него ова ќе беше голем емотивен момент. Тој ме учеше да се борам во животот, да бидам цврста и да скијам брзо. Овде во Кореја јас ќе скијам за него, и знам дека тој ќе ме гледа од горе“, изјави емотивно Линдзи Вон.

Се вчитува...