Линекер има само пофални зборови за Роналдо

Легендарниот англиски напаѓач Гери Линекер е воодушевен од тоа што го прави Кристијано Роналдо во својата 36 година во животот.

Португалецот повторно беше херој за „црвените-ѓаволи“ постигнувајќи два гола во победата над Арсенал од 3-2 со кои стигна до бројката од 801 во кариерата.

„800. Тоа е едноставно неверојатно. Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Апсолутен феномен и навистина е смешно кога некој сака да ги потцени неговите резултати“, напиша Линекер. 

 

Се вчитува...