Коментирајќи ја моменталната и крајно тешка ситуација во која се наоѓа Манчестер Сити поради бројните прекршувања на финансиските правила на Премиерлигата, познатиот англиски голгетер и ТВ-аналитичар Гери Линекер изрази остри ставови и побара одговорност од раководството на клубот.
Линекер истакнува дека целата ситуација има крајно негативно влијание врз имиџот на Премиерлигата и на англискиот клупски фудбал, како и врз фудбалот воопшто.
„Очигледно, ова изгледа многу лошо за Манчестер сити. Навистина е така, а лошо е и за самиот фудбал. Би сакал Манчестер Сити конечно да ја признае вината и да каже: ‘Добро, направивме грешка, но за доброто на фудбалот ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму“, вели Линекер.
Зборувајќи за можните строги санкции вклучително и шпекулациите за одземање на претходно освоените титули во спорниот период Линекер изрази жалење првенствено поради играчите и навивачите:
„Не би се изненадил ако работите тргнат во таа насока. Но, на крајот на краиштата, кој најмногу настрадува поради тоа? Играчите и навивачите. Не е нивна вина, а во вакви ситуации, секогаш навивачите се тие што најмногу страдаат“, заврши Линекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
