Гери Линекер, посочи дека францускиот репрезентативец Нголо Канте е вистинската ѕвезда на Мундијалот во Русија и играчот кој ја однесе Франција до шампионската титула. За легендарниот англиски фудбалер, Канте е тој што ја прави разликата и претставува голема предност да се има таков играч во составот.
„Според мене, Нголо беше најдобриот играч на СП во Русија. Со Канте во тимот, Франција како да игра со 12 фудбалери на терен. Тој игра како за двајца во средниот ред, го има насекаде. Неговите дфодавање се извонредни и тој може да ја скрши линијата и да ја „испрати“ топката напред. Тој беше клучниот играч на Франција и една од причините за нивната фаворитска улога во финалето со Хрватска и за шампионската титула“ – истакнува Линекер во својата анализа.
Нголо Канте во 2016 година од Лестер се пресели во Челси. Кариерата на 27-годишниот Французин од сезона во сезона оди во нагорна линија, а неговиот вонсериски квалитет посебно дојде до израз во настапите за Франција на СП во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА