Њукасл ќе пазари Англичани во јануари

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард ќе биде првото засилување на Њукасл во зимскиот преоден рок. Челниците на овој клуб веќе се решени дека со ангажман на Англичанецот ќе привлечат и други врвни имиња од фудбалската сцена.

Според „Сан“, договорот на 29-годишниот Лингард истекува во летото 2022 година, но тешко дека играчот од средниот ред ќе добие понуда од сегашниот тим за продолжување. Њукасл сака да го искористи ова и да го ангажира играчот во јануари. Лингард оваа сезона постигна два гола на осум натпревари во Премиер лигата. Пазарната вредност на англискиот играч за врска, според интернет порталот „Трансфермаркт“, изнесува 22 милиони евра.

„Црно-белите“ се во завршна фаза од преговорите за ангажман на Кевин Трипие, кој влегува во последните месеци од договорот со Атлетико Мадрид и ќе биде достапен за отштета од 15 милиони фунти.

Се вчитува...