Лингард за прославата на голот: Мал подарок за добредојде на Роналдо

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед и Англија, Џеси Лингард го прослави голот против Андора во стилот на Кристијано Роналдо.

Офанзивниот играч на тој начин посака добредојде на Португалецот, кој повторно се враќа во својот дом – „Олд Трафорд“. Роналдо треба да дебитира во дресот на „црвените ѓаволи“ на 11 септември против Њукасл.

„Мејсон Маунт и јас размислувавме како да ги прославиме можните голови. Решив да ја променам мојата стандардна прослава. Ова е мал подарок за добредојде на Роналдо. Сигурен сум дека ќе се навикне многу брзо и ќе му помогне на тимот оваа сезона“, изјави Лингард, кој се врати во Јунајтед по одличните изданија на позајмица во Вест Хем.

Англија ја победи Андора со 4-0 со двата гола на Лингард и по еден на Хари Кејн и Букајо Саке.

„Секогаш е убаво да се постигнува гол за својата земја. Ваквите моменти не се забораваат. Секако, моите соиграчи ми помогнаа во тоа“, додаде Лингард.

 

 

Се вчитува...