Лион активен на пазарот, Марсело Гуедеш е шестото засилување

Францускиот прволигаш Лион официјално го претстави и шестото засилување за ова лето. Марсело Гуедеш пристигна од Бешикташ за 7 милиони евра. Искусниот бразилски дефанзивец потпиша тригодишен договор со францускиот тим.

Турскиот првак ги откупи правата на  Марсело од Хановер минатото лето, кој претходно ги бранеше боите на Бешикташ како позајмен играч. Турците потрошија 2 милиони евра за неговите услуги, а сега се задоволни што направија добра зделка, и притоа добро заработија.

30-годишниот Марсело потекнува од академијата на Сантош, но поголем дел од кариерата го помина низ неколку лиги во Европа. Висла Краков, ПСВ и Хановер се неговите претходни екипи. За Бешикташ беше клучна фигура во трката за титулата, одигра 32 натпревари и постигна три гола.

Лион претходно се засили со Кени Тете (ПСВ), Марчал (Бенфика), Ферланд Менди (Ле Авр), Бертранд Траоре (Челси), Маријано Диаз (Реал Мадрид).

Се вчитува...