Лион до Арсенал: Лаказет вреди 65 милиони евра

Арсен Венгер не ја крие желбата да го доведе Александар Лаказет како засилување за нападот на Арсенал, преговорите се веќе во тек, но челниците на Лион се децидни на ставот дека заинтересираниот клуб ќе треба да плати богатство за овој фудбалер.

Приоритет за Лаказет беше преселба во Атлетико Мадрид, Лион дури и се договори со шпанскиот прволигаш, но трансферот пропадна поради забраната од ФИФА. Сепак, претседателот Жан Мишел Ола е дециден на ставот дека очекува и од Арсенал да добие понуда слична на онаа од Атлетико.

Кога зборуваме за Лаказет, говориме за сума над 50, па и над 60 милиони евра што некој треба да ја плати ако сака да го доведе. Сите знаат дека понудата на Атлетико изнесуваше 53 милиони, плус 12 милиони преку неколку клаузули. Тоа го знаат и луѓето во Арсенал, кои се свесни што треба да понудат ако сакаат овој трансфер да се реализира“ – изјави Ола.

Француските медиуми најавуваат дека Лион е подготвен да ја спушти оваа сума само доколку во размена го добие Оливие Жиру, кој во секој случај би размислувал за заминување доколку Лаказет пристигне во Арсенал.

Се вчитува...