Голем кам-бек се најавува од тимот на Торино, а станува збор за враќање на Марчело Липи, еден од најуспешните тренери во историјата на клубот. Јувентус ја поминува најтешката сезона по 9 шампионати по ред, а Ањели размислува за големи промени.
Според новинарот на „Газета Дело Спорт“, Фабиани Дела Вале, Липи ќе се врати во Јувентус како технички директор. Фабиани изјави дека оваа вест кружи подолго време, иако се уште не е официјално потврдена од клубот.
Во својата кариера со Јувентус, Липи има освоено 4 шампионски титули, 4 Суперкупа на Италија, и по еден трофеј во Лигата на шампиони, Интерконтиненталниот куп, Купот на Италија и во Суперкупот на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА