Лирој Сане го напушти германскиот камп

Играчот на Манчестер сити, Лирој Сане, ја напушти базата на германската фудбалска репрезентација и нема да биде во тимот за пријателската контрола против Перу в недела.

Сане не беше во германскиот состав за Светското првнество во Русија, но сега доби повик од селектрот Јоаким Лев и беше кратко со селекцијата во четвртокот на мечот против Франција.

Според официјалната информација, Сане разговарал со селекторот Лев и го информирал дека заминува од „приватни причини“.

Лирој Сане има 13 настапи за германската репрезентација.

Се вчитува...