Лисандро: Лесно е да се каже виновен е тренерот, но што е со директорот

Манчестер јунајтед одигра уште еден потпросечен натпревар губејќи од Атлетико Мадрид, а во центарот на вниманието се најде дефанзивецот Лисандро Мартинез, кој веднаш по мечот вината за слабиот старт на сезоната ја насочи кон клупската управа.

Според екс-фудбалерот на Ајакс, главна причина за слабите резултати на Јунајтед се недоволните активности на управата на клубот на пазарот во текот на летото.

„ЗЗавршивме фантастично ланската сезона и искрено очекувавме повеќе од управата, да се донесат нови врвни фудбалери за да можеме да се натпреваруваме, бидејќи гледаме дека сите тимови носеа бројни засилувања. Јас лично очекував посериозна инвестиција, 100% е така. Очекував повеќе од нашиот технички директор Џејсон Вилкокс. Сите секогаш велат дека виновен е тренерот, тоа е најлесно да се каже, но што е со другите во клубот, со директорот. Да бидам искрен, ние како фудбалери мораме да прикажуваме повеќе на теренот, но исто така е важно да се има широк ростер, силен ростер, за да се биде подготвен за вакви мечеви. Најлесно е да се смени тренерот, но не може секоја година да го менувате тренерот и тоа да биде нормално. Лани создадовме база, таа база требаше да се надгради, тоа е се што ќе кажам“, истакна Лисандро Мартинез.

Се вчитува...