„Лисиците“ ги надмудрија Билиќ и ВБА

Лестер триумфално ја стартуваше сезоната во Премиер-лигата откако во првото коло како гостин славеше против ВБА со 0-3. „Лисиците“ одиграа квалитетен меч во кој отпорот на домашниот состав го скршија во второто полувреме, кога Кастањ и Варди им донесоа три бода на избраниците на Брендан Роџерс.

Резултатот беше отворен во второто полувреме, кога Кастањ го круниса одличното деби со погодок. Десниот бек кој пристигна од Аталанта одлично се снајде во шеснаесетникот по центаршутот на Прает и со прецизен удар со глава го матираше голманот на ВБА.

Славен Билиќ беше пирнуден да ја отвори играта на својот тим, а Лестер го казни тоа постигнувајќи и втор гол со пеналот на Варди, откако истиот фудбалер беше соборен во шеснаесетникот на домаќините. И третиот погодок беше постигнат од пенал, повторно Варди рутински го надмудри голманот на ВБА и го постигна вториот овосезонски гол за триумф на Лестер.

Се вчитува...