„Лисиците“ на колена, Вест Хем го „торпедираше“ Лестер и обезбеди прво место во Премиер

Вест Хем вечерва оствари голема и убедлива победа над Лестер, на домашен терен успеаја да ги израдуваат своите фанови, успевајќи да постигнат дури четири гола.

Голеадата беше најавена уште во првото полуверме, откако во 26-та минута Пабло Форнали постигна фантастичен гол, донесувајќи му на својот тим водство од 1-0. Првото полувреме заврши со овој резултат, но Лестер на пауза замина и со еден играч помалку, откако претходно црвен картон му беше доделен на Ајозе Перез.

Вториот дел од овој дуел донесе многу голови и шанси, по само единаесет минути игра, домаќините го зголемија водството на 2-0, стрлец на голот беше Мохамед Саид Бенрахма во 56-та минута. По неколку минути игра, Лестер успеа да намали на 2-1, Јури Тилеманс и донесе мала надеж за „лисиците“.

Сепак, овој гол како да ги налути домаќините, па до крајот на мечот Вест Хем успеа да постигне уште два гола, прво во 80-та минута кога Михаил Антонио беше прецизен, а по три минути игра истиот фудбалер ја завери големата победа на својот тим со 4-1.

Со оваа победа Вест Хем се наоѓа на првото место во Премиер лигата, додека со еден бод Лестер се смести на 12-то место.

Се вчитува...