Леброн ќе заработи најмногу во 2022 година

Објавена е листа на најплатените спортисти за 2022 година. Тројца фудбалери, еден кошаркар и еден боксер се меѓу првите пет спортисти, а доминираат фудбалерите.

Така на петтото место се најде боксерот Канело Алварез кој ќе заработи 89 милиони долари оваа сезона. Најголемиот дел од неговата плата доаѓа од борби, додека пет милиони се од реклами.

На четвртото место е фудбалерот на ПСЖ, Нејмар кој што оваа година ќе заработи 103 милиони долари. Иако се мачеше со повреди оваа сезона и често не беше во составот, сепак, Бразилецот е еден од најплатените играчи во тимот од Париз. Пред него се најде Кристијано Роналдо кој што оваа година се очекува да заработи 115 милиони долари. Лионел Меси е пред Роналдо со заработка од 122 милиони долари. За малку пред него е само Леброн Џејмс од Лејкерс, кој ќе биде најплатен спортист во оваа 2022 година и ќе заработи 126,9 милиони долари.

Меѓу првите 10 се и Стеф Кари на шестото место, потоа Кевин Дурент кој ќе заработи 85,9 милиони долари. Роџер Федерер кој има година за заборав ќе инкасира 85,7 милиони, додека Џејмс Харден е на деветото место со 76 милиони долари. Голферот Тајгер Вудс ја комплетира најплатената „десетката“ со заработувачка од 73,5 милиони долари.

Интересно е дека Конор Мек Грегор оваа година се најде на 22. место, минатогодишниот најплатен спортист. Оваа година Мек Грегор има заработено 52 милиони долари.

Се вчитува...