Литванија без Сабонис на Мундобаскетот

Голем хендикеп за Литванија пред престојното Светско првенство. Нивниот член Домантас Сабонис ќе го пропушти настапот на Мундобаскетот.

Членот на Сакраменто Кингс е принуден да оди на операција на палецот на десната рака. За да потпише нов договор со Сакраменто, ќе мора да ја реши оваа повреда, и поради тоа нема да игра за својата селекција на собирот на најдобрите светски селекции.

Во националниот тим негова замена ќе биде Донатас Мотеунас, центарот на Монако кој се враќа во репрезентацијата после шест години.

Се вчитува...