Кошаркарската репрезентација на Литванија има познат состав од 16 играчи за претстојниот Евробаскет.
Европското првенство во кошарка 2025 година ќе се одржи од 27 август до 14 септември во Летонија, Финска, Полска и Кипар.
Литванија ќе игра во Финска каде покрај домаќините ќе се сретне и со Германија, Велика Британија, Шведска и Црна Гора.
Нивниот тренер Римас Куртинаитис го објави списокот од 16 играчи за Евробаскетот, а веднаш „паѓа во очи“ дека на него ги нема Домантас Сабонис, Каспарас Јакучионис, Матас Бузелис, Едгарас Улановас и Арнас Буткевичиус.
Игнас Браздеикис е повреден и речиси сигурно нема да може да игра, но тој е во овој поширок ростер кој ги вклучува и:
Јонас Валанчиунас, Тадас Седекерскис, Рокас Јокубаитис, Рокас Гидраитис, Лауринас Бирутис, Давидс Сирвидис, Марек Блажевиќ. Маргинис Нормантас, Мантас Рубставициус, Криступас Земаитис, Игнас Саргиунас, Гитис Раџевичиус, Еимантас Бенџиус, Азуолас Тубелис, Арнас Величка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА