Ливерец убедлив против Шкендија

Шкеднија претрпе пораз од 3-1 на пријателскиот натпревар против чешкиот Ливерец. Чесите до предност стигнаа во 35. минута преку Мирослав Штох по што предност од 1-0 „сините“ ја задржаа и на полуврмето.

Ливерец победникот го реши во вториот дел од мечот преку Михал Рабушиќ кој за затресе мрежата во 74. минута и во 76. минута кога победата ја потврди Гембички. Тетовскиот состав поразот го ублажи од пенал во 84. минута.

Се вчитува...