Ливерпул 20 дена без капитенот

Јирген Клоп се соочува со нов проблем околу составот на Ливерпул, по повредата што Џордан Хендерсон ја заработи на првиот натпревар против Атлетико Мадрид. Англискиот репрезентативец мораше да биде заменет жалејќи се на болка во мускулот, но сега ќе мора да отсуствува најмалку 20 дена од терените.

„Хендерсон можеше да мине и многу полошо. По она што го знаеме во моментов, паузата ќе изнесува околу три седмици“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.

Капитенот на Ливерпул ќе го пропушти реваншот со Атлетико Мадрид, дуелот од ФА Купот против Челси, како и премиерлигашките дуели со Вест Хем, Ватфорд и Бурнемаут. „Црвените“ се надеваат дека Хендерсон ќе може да се врати за градското дерби против Евертон, што ќе се игра на „Гудисон Парк“ на 16 март.

Се вчитува...