Ливерпул без двајца стартери против Кристал Палас

Европскиот првак Ливерпул и понатаму се соочува со повредени фудбалери и нема да може да истрча во најдобар состав на претстојното гостување против Кристал Палас в сабота. Менаџерот Јирген Клоп нема да може да смета на египетскиот интернационалец Мохамед Салах и на Ендрју Робертсон за дуелот на „Селхрст парк“.

Салах заработи повреда на скочниот зглоб на мечот против Манчестер Сити и ги пропушти и настапите за Египет, а Роберстон исто така подолг период е надвор од натпреварувачки ритам.

Ливерпул се наоѓа на првото место на табелата во Премиер – лигата со 34 бода.

Се вчитува...