Ливерпул без Кутињо и Стариџ во битка за ЛШ

Филипе Кутињо и Даниел Стариџ нема да му помогнат на Ливерпул во битката со Хофенхајм во квалификациите за влез во Лигата на шампионите. Јирген Клоп денеска го објави списокот на играчи кои ќе патуваат во Германија, а на него не ги немаше Кутињо и Стариџ. И додека голгетерот се мачи со повреда заработена на дуелот со Баерн во Минхен, проблемот со Кутињо е многу посериозен, поради инсистирањето на Бразилецот да се пресели во редовите на Барселона.

Челниците на Ливерпул засега остануваат на ставот дека Кутињо не е за продажба, но тој сепак останува во Ливерпул додека тимот ќе патува во Германија. Клоп најверојатно ќе се реши за истите единаесетмина од дуелот со Ватфорд, па Ливерпул ќе настапи со напаѓачкото трио Фирмино – Салах – Мане.

Првиот меч се игра во Германија, а стратегот на „црвените“ се надева дека проблемот со Кутињо ќе се среди во следните седум дена, за тој да може да настапи на реваншот со Хофенхајм, клучниот меч за влез во Лигата на шампионите.

Се вчитува...