Ливерпул без „оружје“ против Њукасл: Само реми без голови

Ливерпул не успеа да ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Њукасл во 16. коло од Премиерлигата, играјќи натпревар без голови.

„Црвените“ беа далеку подобар тим на теренот но не успеаја да дојдат до погодок. Во второто полувреме Фирмино имаше две извонредни шанси, можности имаа и Садио Мане во два наврати и Мохамед Салах но мрежата од голот на домашните остана незатресена.

Ливерпул со овој бод остана на челната позиција во Премиерлигата, но сега со 33 бода, само три повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...