Ливерпул без проблеми на гостувањето кај Астон Вила – деби гол на Бајчетиќ

Ливерпул стигна до третата победа во низа во Премиерлигата откако во 17. коло славеше на гостувањето кај Астон Вила со 1-3.

„Црвените“ рано стигнаа до предност преку Салах кој стрелаше во 5. минута, а преку Ван Дајк ја зголемија предноста во 37. минута. Воткинс успеа да намали на 1-2 во 59. минута, но дилемите за победник ги реши младиот Бајчетиќ кој стрелаше во 81. минута, само две минути по дебито.

Се вчитува...