Директорот на фудбалската репрезентација на Египет, Ибрахим Хасан потврди дека во тек се преговори со Ливерпул и Манчестер Сити за нивите фудбалери Мохамед Салах, односно Омар Мармуш порано од предвиденото да и се приклучат на подготовките на репрезентацијата за престојниот Куп на афрички нации.
Салах и Мармуш секако ќе отпатуваат во својата татковина од средината на месец декември и веќе е познато дека ќе пропуштат најмалку три натпревари, но селекторот сака да ги има во составот и за пријателскиот натпревар против Нигерија закажан за 14. декември.
АФКОН се одржува од 21. декември до 18. јануари во Мароко што значи дека доколку Египет стигне до финалето или пак игра за третото место тоа би значело дека Салах нема да биде дел од осум натпревари на Ливерпул, а Сити ќе биде без Мармуш на десет средби.
Според правилата на ФИФА, репрезентациите можат да ги повикаат играчите уште од 7. декември, но ова сценарио не е веројатно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

