Ливерпул е во потрага по играч од средниот ред, а еден од кандидатите за потполнување на ова место е фудбалерот на Брајтон, Моисес Каиседо. И покрај понудите 50 милиони евра, „црвените“ добија „корпа“ од Брајтон.
Менаџерот Грахам Потер коментираше дека понудата за Каиседо е премала и дека немаат намера да го пуштат за таа сума.
Јирген Клоп е очаен во трката за играч од средниот ред. Досега Ливерпул не успеа да ангажира ниту еден, а токму таа позиција е оценета како најпроблематична во таборот на некогашниот првак. Ливерпул после првите три кола во Англија има еден пораз, едно реми и една победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА