Ливерпул добил „корпа“ од Наполи за Кулибали

Англискиот премиерлигаш Ливерпул понудил 64 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, но италијанскиот клуб веднаш ја одбил оваа сума како премала за можна реализација на трансферот. Како што пишува „Кориере дело Спорт“, првиот човек на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис, и понатаму нема намера да го продаде одличниот одбранбен фудбалер за сума помала од 100 милиони евра.

По освојувањето на Купот на Италија, тимот на Џенаро Гатузо е фокусиран да се обиде да стигне до четвртата позиција на табелата во Серија А која носи во ЛШ, иако е тоа далечно со оглед дека Аталанта во моментот има предност од 12 бода.

Калиду Кулибали има договор со Наполи до јуни 2023 година, а за него се заинтересирани најголемите европски клубови, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…

Се вчитува...