Ливерпул добил одговор: Мбапе донел одлука за трансфер во Реал Мадрид

Францускиот репрезентативец и напаѓач на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, сака во иднина да игра во дресот на Реал Мадрид. Ова го порачал таткото на фудбалерот во телефонскиот разговор со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, тврдат медиумите на Островот.

Клоп пред неколку дена имал разговор со таткото на Килијан Мбапе во обид да влијае за евентуалната одлука на фудбалерот да се пресели на „Енфилд Роуд“. Сепак, добил одговор дека Мбапе единствено размислува за трансфер во „кралскиот клуб“. Тој уште од мали нозе е фан на Реал Мадрид и голема желба му е да го носи дресот на овој клуб.

Мбапе има актуелен договор со ПСЖ до 2022 година, а претседателот на „крлевите3 Флорентино Перез се подготвува за сензационален трансфер на талентираниот напаѓач следното лето.

Се вчитува...