Ливерпул договара зимско засилување од Салцбург

Ливерпул ќе се активира во зимскиот преоден рок, откако „црвените“ веќе стартувале преговори за ангажман на Такуми Минамино. Станува збор за 24-годишен јапонски интернационалец кој настапува за Салцбург, а одлично се снаоѓа и како централен напаѓач, но и како крилен офанзивец.

Дефанзивците на Ливерпул имале само пофални зборови за Јапонецот по неговиот извонреден настап на „Енфилд“, а европскиот првак дополнително се заинтересирал откако било обелоденето дека Минамино има клаузула од девет милиони евра. Клоп и самиот има високо мислење за овој одличен офанзивец, кој може да покрие неколку различни позиции, а добро се снаоѓа и во пресинг-играта на противничката половина, нешто што Салцбург го практикува исто како и Ливерпул.

Салцбург му понудил нов договор на Минамино, но челниците на Ливерпул се убедени дека ќе го убедат Јапонецот да си замине од Австрија и веќе во јануари да му се приклучи на актуелниот првак на Европа.

Се вчитува...