Ливерпул е следната дестинација на Кевин Трап?

Голманот на ПСЖ, Кевин Трап, одлучи да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок откако сезонава го загуби местото во првиот тим. Германскиот чувар на мрежата ќе биде слободен за 15 милиони евра, а како најзаинтересиран клуб се покажа Ливепрул.

Јирген Клоп му нуди излез на Трап и е подготвен да му даде шанса, германскиот стратег не е задоволен ниту од Симон Мињоле, ниту од Лорис Кариус. Дури и самиот член на „светците“ пред извесно време истакна дека би сакал да брани во Премиер – лигата, а не ги сокри ниту симпатиите кон клубот од Мерсисајд.

„Ако постои можност, Трап во јануари ќе го напушти ПСЖ“, изјави агентот на голманот.

Во досегашниот дел од сезоната тренерот Унаи Емери преферира Алфонс Ареола да биде меѓу диреците, додека Трап настапи на само три натпревари, два во домашното првенство против Каен и Троја, како и на еден меч против Стразбур во Купот на Франција.

Се вчитува...