Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Сенегал, Садио Мане не го известил раководството на премиерлигашот дека сака да замине во Баерн Минхен, иако имаше шпекулации дека веќе се збогувал со соиграчите.
Мане има договор со Ливерпул до следното лето, а шпекулациите за неговата иднина се појавија по поразот во финалето од Реал Мадрид со 0-1.
„Тајмс“ ја објави реакцијата од Ливерпул дека никој не ги контактирал за трансфер, иако цената на Сенегалецот не треба да надмине 35 милиони фунти со бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА