Ливерпул ги промовираше дресовите за следната сезона – Традицијата продолжува на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Финалистот во Лигата на шампионите, премиер-лигашот Ливерпул ги промовираше домашните дресови кои ќе ги носат неговите фудбалери во следната сезона во домашните и во европските натпреварувања.

Од клубот се одлучија да се задржат на традицијата и да не пробуваат никакви експерименти. Американската компанија за спортска опрема „Најки“ подготви црвени дресови, традиционалната боја на тимот од „Енфилд роуд“.

Ливерпул сезонава може да испише историја и да стане првиот тим кој успеал да ги освои сите четири трофеи.

 

Се вчитува...