Ливерпул ги собира наградите: Алисон и Ван Дајк први лауреати

Ливерпул минатата сезона доминираше во Лигата на шампионите, па асовите на тимот на Јирген Клоп очекувано доминираат и кога станува збор за индивидуалните награди што се доделуваат во Монте Карло, за време на ждрепката за групната фаза од ЛШ.

Алисон Бекер го доби признанието за најдобар голман во елитното европско натпреварување. Бразилецот се покажа како суперзасилување за „црвените“ по трансферот од Рома, целосно бришејќи ги кошмарите што Ливерпул ги имаше по „киксовите“ на Кариус во финалето во 2018 година.

Вирџил ван Дајк е најдобар дефанзивец во Лигата на шампионите, сосема оправдано ако се земат во предвид извонредните настапи на холандскиот ас во текот на целата сезона. Воедно, Ван Дајк е еден од тројцата финалисти за главната награда за најдобар фудбалер, заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Наградата за најдобар играч за врска заврши во рацете на Френки де Јонг, екс-капитенот на Ајакс, кој летово се пресели во таборот на Барселона.

Се вчитува...