Ливерпул го демолираше Јунајтед на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Ливерпул на свој терен практично го „уништи“ тимот на Манчстер Јунајтед, кој на „Енфилд“ допатува со многу проблеми, и на крајот доживеа вистинска катастрофа. Ливерпул доминираше од почетокот се до самиот крај, и сосема заслужено го демолираше Јунајтед, со што ја продолжи трката за титулата

За Јунајтед не играа Роналдо, Фред, Шо, Варан и Кавани, а дополнителен проблем е тоа што Погба мораше да го напушти теренот уште во 10. минута.

Клучен фудбалер беше Мо Салах кој во првиот дел имаше асистенција и гол, а во вториот дел постигна уште еден гол за конечен триумф на „црвените“ од Енфилд.

Луис Диаз на асистенција на Салах погоди во 5. минута и донесе водство. Во 22. минута веќе беше решено прашањето околу победникот кога Салах постигна гол, после магичната асистенција на Мане.

На 3-0 зголеми Мане, откако доби топка од Диаз. Ливерпул не застана тука, и во 85. минута Салах со прекрасен гол донесе и 4-0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...