Манчестер Сити тргна по Дибала, Јувентус ќе се засили со Де Јонг и Жоргињо?

Пауло Дибала би можел да заврши во Манчестер Сити на крајот од годинава откако Пеп Гвардиола искажа сериозен интерес да го доведе Аргентинецот во своите редови.

Дибала е слободен играч од јули откако не успеа да се договори за продолжување на соработката со Јувентус, што го прави исклучиво атрактивен на пазарот. Сепак, Сити важи за нов фаворит во трката откако „граѓаните“ му понудиле 10 милиони евра годишна плата за наредните пет сезони (сума поголема од онаа што Дибала ја бараше во преговорите со Јуве), како и богат бонус при самиот потпис на договорот.

Гвардиола ќе го реновира нападот на Сити за наредната сезона, веќе најави дека ангажманот на Аргентинецот Алварез нема да биде единствениот трансфер на офанзивен играч за летото, а Дибала со својот стил на игра одлично би се вклопил во тактичките замисли на трофејниот стручњак.

Сагата со Дибала и останувањето во Јувентус е бескрајна, па допрва треба да има нова рунда на преговори за нов договор, откако досегашните обиди на „старата дама“ пропаднаа во изминативе две години, па многу поблизу е Аргентинецот да си оди отколку да остане во Торино. Тој веќе седум години е дел од Јувентус, а италијански медиуми најавуваа дека веќе е заситен и сака нов предизвик, па Интер се споменуваше како опција што дополнително ги зовре страстите кај навивачите на „Старата дама“, а и самиот Дибала си го навлече гневот откако реши да не слави на погодок.

За идниот месец и почетокот на март се закажани преговорите за новата соработка, но проблемот е што постои голема разлика од тоа што Дибала го бара за плата, а торинскиот великан го нуди. Од друга страна, Јувентус веќе направил план за летниот преоден рок во кој приоритет на „старата дама“ е да купи два извонредни фудбалери за врска, Френки де Јонг од Барселона и Жоргињо од Челси.

Се вчитува...