Ливерпул го бара на позајмица Дембеле од Барселона

Иако во нападот ги има Мане, Салах и Фирмино, Јирген Клоп сака дополнително засилување на конкуренцијата во тимот па Ливерпул веќе и официјално стартуваше разговори со Барселона за можна позајмица на Осман Дембеле.

Францускиот репрезентативец на „Камп ноу“ пристигна летото во 2017 година за 138 милиони евра, но не го оправда вложеното. Минатата сезона му мина со бројни повреди и малку настапи.

Шпанците пренесуваат дека Барселона се уште размислува околу барањето на Ливерпул кој предлага едногодишна позајмица со преземање на целата плата на Дембеле и симболична отштета за каталонскиот тим. Проблем е што Барселона сака да го продаде Французинот, а не да го испраќа на позајмици.

Се вчитува...