Ливерпул го „потопи“ и Лестер: „Црвените“ летаат кон шампионска титула… (ВИДЕО)

Ливерпул најбрутално го потопи Лестер во дербито на 19. коло од Премиерлигата славејќи на гостински терен со убедливи 0-4 (0-1), на тој начин јасно најавувајќи го својот лет оваа сезона кон шампионската круна во Англија.

“Црвените“ победата ја најавија со голот на Фирмино во 31. минута.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на избраниците на Јирген Клоп кои тотално ги надиграа домашните фудбалери. Милнер од пенал во 71. минута зголеми на 0-2, а веќе во 74. минута Фирмино со својот втор гол донесе и 0-3.

Конечните 0-4 ги постави Александер-Арнолд во 78. минута.

По оваа победа Ливерпул сега, и со натпревар помалку, е на 13 бода предност во однос на второпласираниот Лестер, а на 14 бода од третопласираниот Манчестер сити.

Се вчитува...