Ван Дајк во Ливерпул – најскап трансфер на дефанзивец во историјата

Вирџил ван Дајк е новото засилување на Ливерпул. Англискиот тим го потвдри трансферот на холандскиот фудбалер кој доаѓа од редовите на Саутемптон за неверојатни 75 милиони фунти, што го прави Ван Дајк најскап дефанзивец во фудбалската историја

Раководството на клубот потврди дека се договориле со Саутемптон и дека Ван Дајк официјално ќе им се приклучи од 1 јануари. 26-годишниот Белгиец во Ливерпул ќе го носи дресот со број четири.

„Црвените“ се интересираа за овој фудбалер и во летниот преоден рок, но не го ангажираа откако Саутемптон се пожали на „нелегални преговори“, па разговорите беа прекинати. На крајот сепак беше постигнат договор, а Ван Дајк не го криеше задоволството што конечно ќе се пресели на „Енфилд“.

„Прекрасно е чувството да се знае дека ќе се биде член на Ливерпул, едвај чекам да почнам да играм за новиот клуб“ – порача одличниот дефанзивец.

Се вчитува...