Ливерпул го „прегази“ Саутемптон, Жота повторно блесна (ВИДЕО)

Ливерпул со високи 4-0 убедливо го совлада Саутемптон во рамки на 13. коло од англиската Премиер лига. Само минута и пол на црвените им беа доволни да поведат преку Диого Жота.

После добра акција, Робертсон брилијантно асистираше на Диего кој немаше потешкотии да го совлада беспомошниот Мекархи. Одличната игра на Ливерпул беше зачинета со уште два гола до крајот на првото полувреме, откако Жота по вторпат ја затресе мрежата на гостите, а со голот на Тиаго во 37. минута се замина на пауза.

Конечниот резултат го постигна Ван Дајк во 52. минута. Фудбалерите на Клоп по оваа победа се наоѓаат на второто место со само еден бод помалку од лидерот Челси.

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1464612018518962183/pu/vid/1280×720/N8uoRa95rlGfdaWj.mp4?tag=12

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1464619584481382410/pu/vid/1280×720/7d_u9FkvqTJyh3XB.mp4?tag=12

 

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1464628429702238216/pu/vid/1280×720/eebTFGkW5FF_wLiX.mp4?tag=12

Се вчитува...