Ливерпул го продаде за 50 милиони, сега го враќа назад бесплатно

Ливерпул сериозно ја разгледува опцијата за враќање на Дарвин Нуњез на „Енфилд“ откако уругвајскиот ас стави до знаење дека е подготвен да се врати назад во Европа по неуспешната авантура во Саудиска Арабија.

Дарвин минатото лето се пресели од Ливерпул во Ал Хилал во трансфер вреден 50 милиони евра, но сонот се претвори во кошмар откако клубот на половина сезона реши да го отстрани Уругваецот од листата регистрирани фудбалери за домашното првенство. Нуњез остана не играјќи воопшто неколку месеци, но веќе ги почна преговорите за раскин на договорот, по што тој би можел летово како слободен играч да ја избере следната дестинација.

„Црвените“ будно ја следат ситуацијата, новиот стратег Ираола има исклучително високо миислење за овој фудбалер, поради неговата борбеност и брзина во пресинг-играта додека топката е во посед на противникот. Исак хронично има проблеми со повреди, Екитике ќе биде во аут до крајот на годинава, па Ливерпул оправдано инсистира на сериозно засилување на нападот, уште повеќе ако се знае дека тимот летово го напушти и Мохамед Салах.

Извори блиски до Дарвин тврдат дека тој е отворен за камбек на „Енфилд“, но останува да се види дали преговорите ќе бидат интензивирани во следните два-три дена или ќе се чека до крајот на мундијалот, каде Дарвин би требало да биде предводник на нападот на Уругвај.

Се вчитува...